Поврзи се со нас

Фудбал

ПСЖ е подготвен да му плати на Мбапе 150 милиони евра за пет години

Париз, 16 октомври 2020 (МИА) – Пари Сен-Жермен му понуди нов договор на напаѓачот Килијан Мбапе. Дваесет и едногодишниот напаѓач може да има плата од 30 милиони евра годишно.

ПСЖ очекува да го продолжи договорот со Мбапе за пет години, пренесува „АС“.

Мбапе сè уште не се согласил со неговиот сегашен тим и, според извори околу него, сонува да се пресели во Реал Мадрид.

Претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез е заинтересиран за потписот на Французинот и смета дека овој трансфер е стратешки важен.

Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ трае до 2022 година. Претходно, напаѓачот беше на врвот на ажурираната листа на најскапи фудбалери во францускиот шампионат. Неговиот трансфер се проценува на 180 милиони евра. зс/

Advertisement

Facebook

Реклама