Connect with us

Фудбал

ПСЖ го договори првото ново засилување

Пари Сен Жермен го договори првото ново засилување за следната сезона, објави Фабрицио Романо. Станува збор за играчот од средниот ред на Порто Витиња , за кого францускиот шампион ќе плати 40 милиони евра.

Се очекува 22-годишниот фудбалер да добие договор на пет сезони. Тој беше приоритетна цел на новиот директор Луис Кампос да го засили средниот ред на ПСЖ. Младиот играч на Порто во изминатата кампања одигра 47 натпревари на сите турнири, постигнувајќи 4 гола и 5 асистенции. Витинја има искуство и во Премиер лигата , каде во сезоната 2020/21 како трансфер го носи тимот на Вулверхемптон . Од оваа година тој е репрезентативец на Португалија , а веќе има одиграно три натпревари за тимот.