Фудбал
ПСЖ го отворил Инстаграм профилот на Меси и биле шокирани?!
Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси во јуни најверојатно заминува по две добри, но не толку добри сезони во ПСЌЌ. Меси не е задоволен од условите кои му ги нуди ПСЖ, како и од односот на навивачите кон него, па полека се подготвува да се врати во Барселона, клубот на кој и ги даде најдобрите денови.
Но и таму не се одвива сè мазно, па се чини дека Меси намерно ги налути парижаните… Францускиот весник „Л’Екип“ пишува дека Пари Сен Жермен останал шокиран кога на Инстаграм на Лионел Меси видел дека тој со семејството ја посетил Саудиска Арабија, а клубот не му одобрил никаков одмор. Односно, Меси не побарал дозвола од тренерот Кристоф Галтие, спортскиот директор Луис Кампос, а камоли сопственикот Насер Ал-Келафи од Катар.
На играчите на ПСЖ им беше ветено дека ќе добијат два дена одмор доколку го победат Лориен, но викендов беа поразени со 3:1 и одиграа многу лош натпревар. На таа средба Килијан Мбапе го постигна еден од најсрамните голови во кариерата, а црвен картон доби Ашраф Хакими – па во продолжението ПСЖ не успеа да спаси ниту бод против Лориен на „Паркот на принцовите“ и беше поразен за шести пат во Лига 1 оваа сезона.
Наместо Меси да се појави на тренингот на Пари Сен Жермен, тој од приватни причини отпатува во Саудиска Арабија, по што клубот го суспендираше две недели. Да потсетиме, Меси оваа сезона одигра 37 натпревари за ПСЖ и учествуваше во 39 гола – постигна 20 и асистираше на уште 19, но круна на годината секако е освојувањето на Светското првенство со аргентинската репрезентација, поради што повторно е фаворит за освојување на Златната топка. Претходната церемонија се одржа пред Светското првенство во Катар.