Фудбал
ПСЖ го претстави шестото најскапо засилување во историјата! (ФОТО)
Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен денеска потврди дека Мануел Угарте е нов член на тимот на Луис Енрике. Еден ден откако беа претставени Луис Енрике, Милан Шкриниар и Марко Асенсио, пристигна и играчот од средниот ред Мануел Угарте од лисабонски Спортинг.
ПСЖ беше најупорен во трката за неговиот потпис, ја плати ослободителната клаузула од 60 милиони евра и ги победи сите во трката за неговиот трансфер. Угарте има 22 години, игра на позицијата заден играч за врска, а во Спортинг пристигна пред две години од Фамалика за 12,5 милиони евра.

Во текот на претходните две сезони тој беше еден од најдобрите играчи во Примеира лигата и го привлече вниманието на европските гиганти. ПСЖ беше решен да го доведе и тоа денеска го официјализираше. Останува да видиме кого ќе продаде Луис Енрике, бидејќи средниот ред сега е доста преполн, ги има – Марко Верати, Ренато Санчез, Фабијан Руиз, Карлос Солер, Данило, како и повратникот од Рома, Жоргињо Вајналдум. Наскоро се очекува да пристигнат и Лукас Ернандез од Баерн Минхен и Канг-Ин Ли од Мајорка, што значи дека Луис Енрике навистина ќе има пеколен состав, дури и ако Мбапе замине, бидејќи во тој случај сигурно ќе пристигне сериозна замена…