Фудбал
ПСЖ го прифаќа заминувањето на Кавани, навивачите изненадени од неговата замена
ПСЖ го прифати заминувањето на Единсон Кавани. Францускиот шампион сакаше да го задржи врвниот напаѓач до крајот на сезоната, но Уругваецот не сака да остане бидејќи го загуби местото во стартниот состав со доаѓањето на Марио Икарди.
Кавани сака да се пресели во Атлетико Мадрид. „Ел Чоло“ со нетрпение го чека играчот. Жоао Феликс не ја оправдува цифрата што беше платена за него и челниците го сакаат играчот.
Французите од друга страна веднаш ја пронајдоа неговата замена. Тие сакаат да го доведат напаѓачот на Арсенал, Аубамејанг. Играчот повеќе не сака да остане со Англичаните, бидејќи не игра во Европа.