Connect with us

Фудбал

ПСЖ го продава играч од средниот ред, а веќе се знае и на кој клуб?

ПСЖ ова лето ќе ги слушне понудите за играчот од средниот ред Андер Херера, пренесува „Ле 10 спорт“.

Шпанскиот фудбалер, кој летово наполни 31 година, има големи проблеми со повреди од доаѓањето во ПСЖ.

Тој е член на „Светците“ од минатата година затоа што дојде откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед.

Како и да е, поради проблеми со повреда, тој оваа сезона има запишано само осум натпревари во Лига 1 и постигнал еден гол и една асистенција.

Иако има договор со парижаните до летото 2024 година, на крајот на сезоната ќе го напушти составот и веројатно ќе се врати во Атлетик Билбао.

За Билбао играше три години пред да се пресели во Манчестер Јунајтед летото 2014 година. Инаку, кариерата ја започна во Реал Сарагоса.