Connect with us

Фудбал

ПСЖ го сака играч од средниот ред на Рома

ПСЖ е во потрага по засилување што може да го донесе во следниот трансфер период.

Италијанските медиуми објавија дека една од главните цели е играчот од средниот ред на Рома, Лоренцо Пелегрини.

Се очекуваше Пелегрини да стане наследник на Тоти и Даинеле Де Роси, но се чини дека тој ќе го напушти клубот.

Тој сè уште нема потпишано нов договор и има интересна клаузула во неговиот тековен договор. Поточно, клуб што сака да го доведе може да го стори тоа за нешто помалку од 30 милиони евра.

За да биде уште подобро, тој не мора да ја плаќа во готово, може да го стори тоа на две години на 15 милиони евра ако ја активираат клаузулата до 30 јули.