Connect with us

Фудбал

ПСЖ го суспендираше Меси, не се појавил на тренинг, заминал во Саудиска Арабија!

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси исфрлен од тимот на Пари Сен Жермен! Клубот го суспендираше на две недели затоа што не се појави на тренинзите на првиот тим, а сето тоа затоа што реши да замине на мини-одмор со семејството во Саудиска Арабија, што е особено проблематично бидејќи сопствениците се од Катар.

Меси таму сними и реклама, која не ја „пријави“. Ова е прва ваква казна за Меси во кариерата, што само ќе ги подгрее гласините дека на лето заминува од Париз.