Connect with us

Фудбал

ПСЖ има намера да го „опустоши“ Лацио: Тренерот, двајца играчи …

Симоне Инзаги веќе неколку години прави одлична работа на клупата на Лацио, а особено импресивните „Небесно плавите“ делуваат оваа сезона.

Сепак, летото може да донесе и разделба на Инзаги со римскиот клуб.

Францускиот „Л’Екипе“ пишува дека спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо е крајно импресиониран од постигнувањата на Лацио, и сака да „украде“ некои од клучните компоненти одговорни за успехот на италијанскиот клуб.

Наводно, голема желба на Леонард и ПСЖ е пред се тренерот Инзаги, но ПСЖ би сакал да донесе во текот на летото некој одличен играч од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и црногорскиот репрезентативец Адам Марушиќ.

Се верува дека целиот договор би можел да ги чини Парижаните над 100 милиони евра.

Патем, Лацио е единствениот италијански клуб кој редовно освојува трофеи за време на осумгодишната доминација на Јувентус во Серија А.