Фудбал
ПСЖ каков што го знаеме може да се „распадне“?!
Францускиот тим ПСЖ во моментов во својот играчки кадар има седум фудбалери на кои во јуни им истекуваат договорите. Тоа значи дека за помалку од шест месеци би можеле да заминат без обештетување, доколку во меѓувреме не се најде заеднички јазик со раководството.
Лајвин Курзава се поврзуваше со Јувентус уште оваа зима, но преодниот рок во Италија е завршен. Единсон Кавани беше на чекор до Атлетико Мадрид, но трансферот пропадна.
Освен овие двајца, договорите им истекуваат на Тиаго Силва, Томас Муниер, Ерик Чупо-Мотинг, Адил Аучиче и Танги Куаси.
Се поставува прашањето дали некој од овие играчи ќе ги гледаме и следната сезона на „Паркот на принцовите“.