ПСЖ покажа голем интерес за Хамес Родригес

Колумбискиот фудбалер Хамес Родригес се уште не знае каде ќе игра во наредната сезона.

Хамес претходните две години ги помина на позајмица во Баерн, но не сакаше да се остане во клубот од Минхе и реши да се врати во Реал Мадрид. Но, тешко е да се очекува дека Хамес долго ќе се задржи во Реал.

Имено, јасно е дека тој не е во добри односи со Зинедин Зидан поради кој замина на позајмица во Баерн. Францускиот стручњак не смета на Колумбиецот и им порача на челниците на клубот дека е најпаметно да го продадат.

Хамес се поврзуваше со можно заминување во Наполи, но италијанскиот клуб не е спремен за него да одвои 42 милиони евра колку што бара Реал. Но, сега се појави уште еден клуб кој го сака Колумбиецот, а тоа е ПСЖ.

Како што пишуваат шпанските медиуми ПСЖ покажа јасни намери дека сака да го донесе Хамес во своите редови, но и дека сака тоа да го направи во што е можно пократок период за тој да може да се приклучи на припремите на францускиот клуб.

За Реал понудата од ПСЖ дојде во најдобар момент затоа што Јамес преговарал со Атлетико Мадрид. „Кралевите“ сигурно се одлучни да го продадат во ПСЖ наместо на градскиот ривал. Но, што ќе се случи на крајот, останува да видиме.