Поврзи се со нас

Фудбал

ПСЖ сака Реал да го вклучи Куртоа во зделката со Мбапе

Париз, 13 октомври 2020 (МИА) – Реал Мадрид има намера да го ангажира напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Како што објави новинарот Едуардо Инда за „ТВ Ел Чирингито“, францускиот клуб сака Реал да го вклучи голманот Тибо Куртоа во зделката за 21-годишниот напаѓач.

Претходно се дозна дека клубот од Мадрид може да плати околу 100 милиони евра за Французинот доколку тој одбие да го продолжи договорот со ПСЖ. Тековниот договор меѓу страните истекува во летото 2022 година.

Мбапе оваа сезона одигра три натпревари во Лига 1, постигна два гола и направи три асистенции. зс/

Advertisement

Facebook

Реклама