Connect with us

Фудбал

ПСЖ се мачеше, а потоа во игра влезе Мбапе

Актуелниот шампион на Франција ПСЖ со тешки маки дојде до победа над Генгамп (3:1).

Парижаните обично со леснотија ги совладуваат ривалите во Франција, но Генгамп сериозно ги намачи и ги натера да бркаат резултатска негатива од еден гол.

Домаќинот дојде во водство со голот на Нолан Ру во 20. минута, а ПСЖ во 53. минута преку Нејмар стигна до 1:1. Бразилецот беше прецизен од белата точка.

Потоа во игра влезе Мбапе и по асистенцијата на Ди Марија во 82. минута постигнува за водство на Парижаните. Одличниот млад фудбалер постигна гол и во завршницата на натпреварот за сигурна победа на ПСЖ.

ПСЖ сега има шест бодови, а во првото коло без главните ѕвезди во тимот го совлада Каен со 3:0.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com