Connect with us

Фудбал

ПСЖ се руши како кула од карти: „Доаѓа на тренинзи речиси пијан, ќе ги уништи ако не го избркаат“

ПСЖ го шокираше фудбалскиот свет во летото 2017 година кога реши да плати дури 222 милиони евра за Нејмар.

Нејмар неколку недели претходно го продолжи договорот со Барселона, но имаше откупна клаузула од 222 милиони евра, која каталонскиот клуб не ни сонуваше дека некој може да ја активира.

ПСЖ му кажа на Нејмар дека го сака и дека ќе плати толку пари за него, а Бразилецот на крајот се согласи на трансферот. Во Париз беше претставен спектакуларно и најавен како играч кој ќе го води ПСЖ до првата титула во Лигата на шампионите.

Поминаа речиси пет години од доаѓањето на Нејмар на „Паркот на Принцот“, а титулата во Лигата на шампионите се уште недостасува. А навивачите се повеќе се изморија да носат големи ѕвезди кои земаат огромни пари од клубот и речиси и да не даваат резултати.

Нејмар стана речиси омразена личност меѓу навивачите кои го исвиркаа него и Меси на натпреварот против Бордо. Со заминувањето во ПСЖ, Бразилецот очигледно направи грешка за која беше свесен уште по првата сезона кога се обиде да се врати во Барселона.

Челниците на ПСЖ двапати му ја расипуваа намерата да се врати во Барса, а француските медиуми пишуваат дека Нејмар сега намерно им враќа за се.

Францускиот новинар Даниел Риоло изјави дека Нејмар речиси никогаш не тренира и дека на сите им дава до знаење дека не игра за ПСЖ.

“Нејмар не се замара на тренинзите и често знае да дојде речиси пијан. Тоа е точно и тоа е вистината што ја знаат сите. Нејмар му се одмаздува на клубот затоа што не го продале кога го побарал. Навивачите му го свртеа грбот по се што кажа во неговиот документарец. Клубот мора да го пушти или да го избрка бидејќи целосно ќе ги уништи“, изјави Риоло.

Нејмар оваа сезона игра под сите очекувања бидејќи постигна само пет гола на 21 натпревар во сите натпреварувања. Тој има договор до летото 2025 година и моментално е најплатениот играч на ПСЖ.