Connect with us

Фудбал

ПСЖ се засили од Порт

Француското првенство вчера беше официјално затворено на зелената маса.

Лидерите на фудбалската асоцијација на Франција го зедоа предвид бројот на освоени поени врз основа на одиграните игри. Така титулата шампион му припадна на ПСЖ. Парижаните станаа шампиони по деветти пат во клупската историја.

ПСЖ веднаш потоа го потврди новото засилување.

Станува збор за Алекс Телес кој пристигна од Порто. За овој 27-годишен Бразилец биле исплатени 25 милиони евра.

Тој е член на Порто од 2016 година и настапуваше за Галатасарај, Интер, Гремио, Јувентус …

Оваа сезона тој забележа 40 настапи за Порто со десет голов и девет асистенции.

Тоа беше препорака на парижаните да го донесат овој лев бек, а сега се потврдува и трансферот.