Connect with us

Фудбал

ПСЖ со нов договор ќе се обиде да го задржи Мбапе во своите редови

Килијан Мбапе е сместен во центарот на вниманието по неодамнешните гласини кои го поврзуваат со Реал Мадрид. Поранешниот претседател на Монако, Василиев изјави дека напаѓачот сака да му се придружи на Реал Мадрид и тоа е доволно за страните да ја започнат борбата.

ПСЖ, според изјавите на Зидан, веднаш ја започна одбраната и сака да го обнови договорот со светскиот шампион. „Ле Парисиен“ пишува дека челниците на шампионот во Лига 1 се подготвени да му понудат обнова на договорот и плата од 40 милиони евра по сезона. Со ова, Мбапе ќе стане најплатениот играч на светот.

Истиот весник известува дека Реал е подготвен да понуди 300 милиони евра за играчот следното лето. Тие сакаат да го убедат Мбапен да замине во Шпанија. Следните неколку дена ќе бидат пресудни за ПСЖ.