Фудбал
ПСЖ со последен обид да го извади Погба од рацете на Јувентус
Пари Сен Жермен направи последен обид да го киднапира Пол Погба . 29-годишниот играч од средниот ред е слободен играч откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед. Досега се мислеше дека тој веќе се согласил да се врати во Јувентус , но парижаните направиле последен очајнички обид да го грабнат од рацете на Торино, тврди „Ла Република“.
ПСЖ стави на маса прилично солиден предлог во финансиска смисла. Понудата на францускиот шампион е 13,5 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси и е многу повисока од понудата на Јуве, која е 8 милиони евра по сезона, плус уште 2 милиони бонуси.
Во моментов, сепак, нема реакција од Погба, кој поверојатно е да ја одбие понудата. 29-годишниот Французин не е убеден дека трансферот на Паркот на принцовите ќе биде добар за неговата кариера. Тој претпочита повторно да го носи тимот на Јувентус каде настапуваше во периодот од 2012 до 2016 година и таму поминаа најсилните години во неговата кариера.