Connect with us

Фудбал

ПСЖ со „шут карта“ за тренерот, познат и неговиот наследник?!

ПСЖ во наредните неколку денови ќе му врачи отказ на тренерот Кристов Галтие, објави спортскиот новинар Фабрицио Романо, кој важи за добро упатен во случувањата. Како што тврди тој, а воедно и неколку француски медиуми, ПСЖ веќе контактирал со Нагелсман, кој се очекува да биде негов наследник на клупата на францускиот тим.

Покрај тоа што е освоена титулата во Франција, Галтие ќе добие отказ, бидејќи пехарот во домашното првенство повеќе не е императив. Главната цел е пехарот во Лигата на шампионите кој ПСЖ се обидува да го освои неколку сезони наназад, но безуспешно.