Connect with us

Кошарка

Пу, да ти е*ам мајката!

По пауза од еден натпревар поради мала повреда, Лука Дончиќ се врати во тимот на Далас триумфирајки во пресметката против Портланд со 111:102. Со оваа победа Далас дојде до 12 победи во лигата.

Меѓутоа, поголемиот број кошаркари во НБА лигата можеби и уживаат мала заштита од судиите на натпреварите, а тоа тешко му падна на Словенецот, Лука Дончиќ. Имено, Словенецот имаше еден дуел против Мекалоум, во ситуација во која бекот на гостите изнуди прекршок. Дончиќ изненаден од ваквата одлука од делителот на правдата, па испрати пцовка која Американците не можеа да ја разберат, во спротивно можеше да биде и санкциониран од судијата. Сепак, камерите го уловија и јасно се гледа како Дончиќ изустува: Пу, да ти е*ам мајката“!

Словенечкиот кошаркар беше најефикасен во оваа 12-та победа на „маверикс“ со 21 поен, додека Весели Метју забележа 17 коша. На спротивната страна Дамијан Лилард уфрли 33 поени.

Резултати: Индијана – Чикаго 96:90, Мајами – Орландо 90:105, Далас – Портланд 111:102, Феникс – Сакраменто 105:122, Јута – Сан Антонио 139:105.