Connect with us

Фудбал

Пуиг е Чави, Иниеста и Бускец во едно

Чави, Бускец и Иниеста, сите тројца во еден фудбалер! Каталонскиот гигант произведе баш таков играч во својата Ла Масија. Рикуи Пуиг пред неколку дена дебитираше за првиот тим на актуелниот шампион на Шпанија и во својот прв официјален настап асистираше во убедливата победа од 4:1 во куп пресметката против екипата на Леонес.
Пуиг е роден во малото градче Тераса, исто како и легендарниот Чави Хернандез. Во клубот дојде од редовите на Јабака, исто како и Серхио Бускец, а за време на американската турнеја го носеше дресот со бројот осум, кој во минатото го носеше легендарниот фудбалер на Барса, Андрес Иниеста.

Станува збор за играч кој поседува неверојатна техника, фантастичен преглед и разбирање на играта. Цели седум години, каталонскиот гигант нема произведено таков фудбалер во својата академија.

Шпанецот има 19-години, а иако не добиваше шанса да биде дел од првиот тим на Барса, Пуиг за време на летниот преоден рок ги одби сите понуди кои пристигнаа на неговата адреса со образложение дека сака својата иднина да ја гради покрај Лионел Меси.

Играчот за врска е висок 169 см, има само еден сантиметар помалку од Лео Меси. Со Барселона изминатата сезона ја освои УЕФА Лигата за млади фудбалери, а сега е на добар пат да го зацементира своето место во првиот тим. Доколку продолжи со таквото темпо, тогаш не треба да стравува за својата иднина, а и Барса не треба да стравува за својата иднина.