Фудбал
Пујол: Ја одбив улогата на спортски директор, јас сум како Меси!
Поранешниот капитен на Барселона, Карлес Пујол е вистински господин. Запаметен е како еден од најпознатите „фер-плеј“ играчи во историјата, не се занимава со судии и покажува карактер на полето за играње. Поранешниот дефанзивец ја одбил улогата на спортски директор во клубот Барселона, и покрај тоа што менаџерите му нудат одлични услови и добра плата.
„Ја отфрлам улогата на спортски директор затоа што имам други планови. Не сакам да се фокусирам директно на клубот. Пике? Сите знаеме како е тој. Тој зборува директно секогаш. Јас сум повеќе како Меси, повеќе повлечен“, – рече Пујол.