Connect with us

Фудбал

Пујол за играч кој би можел да го реши дербито: Да, тој дефинитивно може да направи разлика …

Легендата на Барселона, Карлес Пујол, зборуваше во пресрет на Ел Класико кој вечерва се игра на „Камп Ноу“.

Барселона и Реал Мадрид моментално се на врвот на табелата со по 35 поени и ќе ги одмерат силите со надеж дека ќе дојдат до победа и ќе бидат на врвот во Ла Лига.

Ова се натпревари на кои еден детал може да го реши победникот, а Пујол смета дека младиот Ансу Фати би можел да биде тој што ќе му донесе предност на Барселона доколку му се даде можност.

„Тој дефинитивно можеше да направи разлика. Секој пат кога беше повикан, го покажуваше нивото“, рече Пујол.

„Секако, „Ел Класико“ е секогаш единствен и посебен натпревар, но ако тој има можност да игра, сигурен сум дека ќе направи многу добра работа“, додаде поранешниот играч на Барселона.

Младиот Фати оваа сезона се најде во плановите на тренерт и има можност да игра за првиот тим, а досега оствари 12 настапи и постигна три гола.