Connect with us

Фудбал

Пукна „бомбата“, сега е се готово, клубот го потврди трансферот на Ерлинг Халанд (ФОТО)

Она што со денови се најавуваше сега е и официјално – Ерлинг Халанд е нов играч на Манчестер Сити. Неговиот трансфер од Борусија во Сити штотуку го потврдија англискиот, но и германскиот тим, кој немаше опција да го задржи поради клаузула од 60 милиони евра што ја активира Сити.

Фудбалерот потпишал повеќегодишен договор и според информациите кои ги објавија многу угледни весници, ќе заработува 400 илјади евра неделно, што го прави најплатен играч во англискиот тим заедно со Кевин де Брујн.

21-годишниот норвешки репрезентативец од доаѓањето во Дортмунд од австриски Салцбург има постигнато 85 гола на 88 натпревари, а настапуваше и за Молде.

Тој веќе важи за еден од најдобрите напаѓачи во светот, а пред него се години блескави кариери и навивачите на Сити со нетрпение го очекуваат неговото деби во светлосиниот дрес.