Фудбал
Пукна петарда, Интер е газда во Милано, го прегази Милан во градското дерби (ВИДЕО)
Екипата на Интер славеше со убедливи 5:1 на дерби мечот против Милан. Интер одигра фантастичен меч, за разлика од Милан кој само во еден момент блесна, и тоа преку Леао за намалување на резултатот на 2:1. Претходно во првиот дел погодија Михитиаријан и Турам, кој постигна фантастичен погодок.
Во вториот дел единствениот блесок на Милан беше голот, а иако имаше огромен посед на топката во своите нозе, сепак Интер беше тој кој постигнуваше голови. Најнапред Михитаријан за негов втор гол на мечот, потоа Чалханоглу од пенал и на крајот „резервистот“ Фратези во судиското надополнување се запиша во листата на стрелците.
Во последните пет меѓусебни пресметки во сите конкуренции Интер има пет победи против Милан со гол разлика од 12 постигнати и само 1 примен гол. Овие бројки само покажуваат дека во во моментов со Милано владее Интер.