Connect with us

Кошарка

„Пукна“ срам во НБА: Играч на Хјустон заврши во кревет со КОВИД докторка

Хјустон Рокетс беа елиминирани од Лос Анџелес Лејкерс во полуфиналето на Западната конференција на НБА-лигата.

На првиот натпревар на овие ривали, тимот од Тексас славеше и поведе со 1-0, по што следеше „метла“ на Џејмс и тимот што ги исфрли и ги испрати дома.

Неразбирливиот пад во играта на Хјустон може да се поврзе со скандалот што се појави неодамна и кој очигледно го потресе овој тим. Откриено е дека кошаркарот на оваа екипа, Дануел Хаус, ја поминал ноќта во хотелска соба со едно женско лице.

Истрагата на властите откри дека Хаус се „дружеч“ со докторка задолжена за тестирање на играчи на КОВИД-19 НБА во Дизниленд. Приказната за наводниот маратонски се*с на кошаркарот и споменатата докторка како молња ги прошета сите САД.

loading...

Патем, Хаус имаше просек од 11,4 поени по натпревар во плејофот на девет одиграни натпревари и беше важен играч во ротацијата на тимот на Мајк Д’Антони.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com