Кошарка
Пул избувна и им ја донесе шестата победа на Голден Стејт Вориорс
НБА шампионот Голден Стејт Вориорс го совлада Сан Антонио Спарс со 132-95 во Чејс Центарот. За успех, експлодираше најагресивниот Џордан Пул со 36 поени.
Предност во текот на целиот состанок имаше Голден Стејт, кој на полувремето успеа да извлече предност од 16 поени разлика – 61:45. Во второто полувреме се одржуваше статус кво, а Вориорс успеаја да го зголемат водството и со тоа си го честитаа крајниот успех – 132:95.
Најефикасен кај Голден Стејт Вориорс беше Џордан Пул, кој постигна 36 поени. Во успехот помогна Стеф Кари со 16 поени, 4 скока и 4 асистенции.
Сите резултати од НБА минатата ноќ:
Детроит Пистонс – Торонто Репторс 111:115
Орландо Меџик – Шарлот Хорнетс 105:112
Бостон Селтикс – Оклахома Сити Тарнер 126:122
Мајами Хит – Феникс Санс 113:112
Милвоки Бакс – Атланта Хокс 106:121
Хјустон Рокетс – Лос Анџелес Клиперс 106:122