Поврзи се со нас

Други спортови

Пупаковски: И покрај корона-кризата успешно ја заокруживме сезоната во прескокнување пречки

Скопје, 13 октомври 2020 (МИА) – Со одржување на четвртото коло, Коњичката федерација на Македонија викендот ја комплетира сезоната 2020 во прескокнување пречки. Техничкиот секретар Љупчо Пупаковски е задоволен од начинот на кој се одвиваа четирите кола во државното првенство и покрај предизвикот што го донесе пандемијата.

– Како и сите спортови, се соочивме со ситуацијата со коронавирусот. Тоа ни ја отежна работата околу организацијата, но сепак успеавме како федерација да организираме четири кола од Државното првенство во трите категории – деца, јуниори и сениори и во четири класи – А, Б, Ц и Д. Натпреварите поминаа во најдобар ред, а најдобрите заслужено ги добија своите одличја. Ќе се потрудиме следната сезона да биде уште подобра, изјави Пупаковски.ќ

Во 4-коло победници беа:
Класа Д (висина на пречките 0,95 метри): Елена Димитријова со грлото Прешес од КК.Анималс
Класа Ц (висина на пречките 1 метар): Ева Димитриевска со грлото Ерос од КК.Бравадос
Класа Б (висина на пречките 1,1 метар): Леонида Гроздановска со грлото Делано Лева од КК.Анималс
Класа А (висина на пречките 1,2 метра): Дарио Гроздановски  со грлото  Силвано од КК.Анималс.

Генерален пласман – победници по класи:
Класа Д: Елена Димитријова со грлото Прешес од КК.Анималс
Класа Ц: Меланија Атанасовска со грлото Калатус од КК.Процес
Класа Б: Дарио Гроздановски со грлото Силвано од КК.Анималс
Класа А: Дарио Гроздановски  со грлото Силвано од КК.Анималс.

Генерален пласман – победници по категории:

Категорија деца: Ева Димитриевска со грлото Ерос КК.Бравадос

Категорија јуниори: Леонида Гроздановска со грлото Делано Лева од КК.Анималс

Категорија сениори: Дарио Гроздановски  со грлото  Силвано од КК.Анималс. зс/

Advertisement