Тајмаут
Пуштиле во продажба мемоари од Коби и Џана – eBay ги блокираше веднаш
Нема да дозволиме да се профитира преку нашите страници на сметка на трагедии, по што од овие онлајн маркети повлечени се од продажба мемоари кои се продавале над 3000 долари.
Нема околности, колку и да е тажно или грозно, во кои да се најдат оние што ќе се обидат да заработат за живеење во нечија несреќа. Коби Брајант беше суперѕвезда, кошаркарски „супермен“ за живот, но последниве месеци и фабрика за пари кај поединици.
Преку продажба на различни автограми и други предмети со потпис на Брајан некои лица сакаа да станат богати преку ноќ.
На онлајн продавниците биле лансирани голем број на предмети. А почетната цена била 3000 долари.
На продажба биле и билети, маички, пенкала од комеморацијата која се одржала во понедленикот.
eBay испрати соопштение во кое информираат дека нема да дозволат некој да заработува на несреќа и тажни моменти.