Фудбал
Рабиот ја заврши епизодата во Јувентус
Францускиот репрезентативец Адриен Рабиот (25) ја заврши епизодата во Јувентус.
Според угледниот „Л’Екипе“, Јувентус е решен да се ослободи од 25-годишниот играч од средниот ред кој не покажа апсолутно ништо и очигледно нема да има премногу проблеми да го продаде.
Рабиот е еден од играчите кој доцнеше на враќањето во Италија. Тој одби да се врати заради намалувањето на платата и тоа беше капка што ја прелеа чашата во овој случај.
Така, Рабиот веројатно ќе го напушти клубот во следниот трансфер период, а можно е тој да биде искористен за една од размените што италијанскиот гигант планира да ги направи.
„L’Equipe“ тврди дека Французинот веќе бил понуден во размена со Челси, Манчестер Јунајтед и Арсенал, а наводно би можел да заврши во Барселона наместо Миралем Пјаниќ, кој веќе подолго се поврзуваше со трансфер во овој клуб.
Сепак, и самиот фудбалер има своја желба. Неговата е Евертон затоа што сака да соработува со славниот Карло Анчелоти.
Рабиот има одиграно 24 натпревари оваа сезона и нема постигнато ниту еден гол или асистенција.