Connect with us

Фудбал

Работнички го совлада Шкупи, Ренова поуспешна од Струга

Денеска се одиграа натпреварите од 20. коло од ПМФЛ.

Екипата на Работнички на домашен терен го совлада Шкупи со 2:1. Резултатот го отворија гостите во 39. минута со голот на Исени.

Работнички успеа да изедначи во 59. минута од натпреварот со голот на Тошевски, а во 77. минута истиот играч погоди за целосен пресврт и победа на домашната екипа.

Ренова беше поуспешна од Струга и издвојува победа од 2:0 на домашен терен.

Резултатот го отвори Миовски до голот во 26. минута од натпреварот, а Кадриу во 57. минута од натпреварот ги постави конечните 2:0.

Силекс на домашен терен ремизираше со Шкендија. Натпреварот заврши без голови.

Претходно Македнојиа ЃП ја совлада Академија Пандев со 1:0, а Вардар на вчерашниот натпревар издвојува минумална победа од 1:0 на гостувањето кај Борец.