Поврзи се со нас

Кошарка

Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, во Златибор за десет дена ќе одиграат четири кола од АБА 2

Скопје, 2 ноември 2020 (МИА) – Македонските екипи МЗТ Скопје Аеродром и Работнички кои оваа сезона ќе настапуваат во регионалната кошаркарска АБА 2 лига, во периодот од 9 до 18 ноември, во Златибор, Србија, ќе одиграат по четири натпревари од предвидените 13 кола. Потоа ќе има уште два турнири, со по четири и пет кола по што ќе се добијат осумте учесници во плеј-офот.

Првите четири противници на МЗТ Скопје Аеродром ќе бидат: Подгорица (10 ноември), Сутјеска (12 ноември), Широки (15 ноември) и Борац Бања Лука (18 ноември).

Работнички ќе игра со: Студентски Центар (9 ноември), Подгорица (12 ноември), Ловќен (14 ноември), Младост (16 ноември). зс/

loading...

Facebook