Поврзи се со нас

Кошарка

Работнички поразен во Златибор – заврши настапот во „балонот“

Екипата на Работнички вторпат запишаа пораз во новата сезона на АБА2 лигата. Работнички со пораз го завршија настапот на првиот турнир од АБА2-лигата сезонава, откако вечерва убедливо загубија во пресметката со српскиот претставник Младост Земун (73-89).

Најтрофејниот македонски клуб едноставно не можеше да се носи со составот од Земун кој одигра со повеќе енергија, поборбено и таа негова желба му донесе триумф во Златибор. Првото полувреме се покажа како клучно со оглед на тоа што Младост направи позитива од 21 разлика (49-28) што беше преголем залак за центарци кои во продолжението само успеаа да се изборат за поблаг пораз.

Питс со 25 и Вашингтон со 16 поени се истакнаа во редовите на Работнички. Кај домашниот тим најефикасен беше Мичел со 26 поени.

loading...

Facebook