Connect with us

Фудбал

Радески ги пропушта натпреварите со Шериф Тираспол

Фудбалерот Марјан Радески поради повреда нема да настапи за Шкендија на натпреварите против Шериф Тираспол од Молдавија од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, објави македонскиот првак на својата интернет страница.

Радески се повреди на реванш натпреварот против ТНС во Велс, а повeќе детали за повредата на десното коленото клубот ќе соопшти во следните денови, откако фудбалерот ќе биде прегледан на магнетна резонанца.

Шкендија првиот натпревар од второто коло против Шериф го игра на 24-ти јули во Скопје, а седум дена подоцна се игра реваншот во Молдавија.