Connect with us

Други спортови

Рафа за Новак: Чудно е што некој толку успешен реагира така

Рафаел Надал вели дека Новак е конкурентен, но дека треба да се избегнуваат ситуации како онаа со фрлање на рекетот, што го направи Ѓоковиќ во поразот од Пабло Карен Буста во мечот за бронзениот медал на Олимпискиот турнир во Токио.

Откако го загуби бодот, Новак го фрли рекетот во празните трибини во висок лак, за да го скрши рекетот во истиот сет.

„За среќа, немаше никој на трибините и немаше последици, такви работи се случуваат од време на време“, рече Надал, додавајќи:

„Важно е да се обидеме да избегнеме такви ситуации. Ѓоковиќ е пример за многу деца, тој е број еден во светот и најдобар играч во историјата. Чудно е што некој кој е толку успешен понекогаш реагира така, но на крајот, тој е многу конкурентен и затоа реагира така“.

Надал повтори дека е многу среќен за неговиот сонародник Карен Буста.

„Драго ми е за него и за Шпанија. Ќе ја памети таа победа до крајот на животот, олимпискиот медал е незаборавен “, додаде 35-годишниот Шпанец.

Рафа моментално е во Вашингтон, каде ќе учествува на турнирот во серијата 500 како прв носител.

Facebook