Други спортови
Рафаел Надал без проблеми до третото коло на Австралија Опен
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал без поголеми проблеми се пласираше во третото коло на Австралија опен.
Надал играше против германскиот тенисер Јаник Ханфман во второто коло на првиот Грен слем турнир во сезоната и лесно победи со 3-0 во сетови.
Првиот сет траеше 48 минути и веќе беше јасно дека Ханфман тешко ќе направи нешто на овој меч. Надал одлично влезе во мечот и го реши првиот сет во своја корист со 6:2.
Шпанецот продолжи да игра добро во вториот сет и се чинеше дека едноставно играше со половина сила.
Ханфман пружи нешто подобар отпор во вториот сет, а Надал на крајот го доби тој сет со 6:3. Третиот сет се играше еден час, а Надал ја заврши работата со 6:4 и заслужено помина понатаму.