Други спортови
Рафаел Надал постави нов рекорд на АТП-листата
По најновата АТП листа, Рафаел Надал стана рекордер меѓу тенисерите со најмногу недели поминати во Топ 10.
Имено, Надал ја пречека 800-та последователна недела меѓу десетте најдобри тенисери во светот, и во моментов е на второто место со 9850 бодови.
Новак Ѓоковиќ сепак убедливо го држи првото место со 12.030 поени, додека Доминик Тием и Данил Медведев останаа на третото, односно четвртото место.
Во Топ 10 се најдоа и Роџер Федерер, Стефанос Циципас, Александар Зверев, Андреј Рублев, Диего Шварцман и Матео Беретини.