Connect with us

Други спортови

Рафаел Надал повторно се откажа, има ли време за Ролан Гарос?!

Настапот на АТП Мастерсот во Рим го откажа и најдобриот светски тенисер на земјена подлога во историјата, Рафаел Надал. Легендарниот Шпанец нема играно од Австралија опен, кога во второто коло загуби од Мекензи Мекдоналд и во таа прилика се повреди.

Се очекуваше да се врати на Мастерсот во Мадрид кој е во тек, но тоа не се случи, а сега најави дека нема да може да игра ниту во Рим, кој е последен турнир за врвни играчи пред вториот Грен слем во сезоната – Ролан Гарос. Сега се поставува прашањето дали Рафа ќе игра во Париз и дали повредата ќе го спречи да продолжи да испишува историја на Ролан Гарос. Надал е освојувач на 22 Грен слем трофеи, од кои 14 ги освои на Ролан Гарос.