Други спортови
Рафаел Надал се огласи откако Федерер најави пензионирање: Пријателу мој…
Нема да ги гледаме повеќе епските пресметки помеѓу двајцата, можеби најдобри тенисери на сите времиња. На љубителите на „белиот спорт“ ќе им фалат дуелите помеѓу Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Федерер најави пензионирање, а Надал веднаш се огласи.
„Драг Роџер, мој пријателу и ривалу. Посакував овој ден никогаш да не дојде. Ова е тажен ден за мене лично и за сите љубители на спортот низ целиот свет. Ти го кажав тоа кога зборувавме и сега е тука. Беше вистинско задоволство, но и привилегија и чест да се споделат овие години со тебе, толку неверојатни моменти на теренот и надвор од него. Ќе имаме многу моменти во иднина кои ќе ги правиме заедно, го знаеме тоа. Засега, ти посакувам среќа со твојата сопруга Мирка, со твоите деца и твоето семејство и да уживаш во тоа што е пред тебе. Ќе се видиме во Лондон на Лејвер купот“, пишува Надал.
