Други спортови
Рафаел Надал успешно опериран
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, имаше успешна операција на десниот скочен зглоб, поради што го откаже и учеството на финалниот АТП турнир за оваа година и дуелот со Новак Ѓоковиќ за првото место на светската ранг-листа на крајот од 2018 година.

- Здраво на сите. Ви благодарам за пораките што ги добив вчера и денес. Операцијата на зглобот мина добро, се огласи Надал на Твитер.
Докторот кој ја изврши операцијата, Анхел Руиз-Которо, вели дека истата траела половина час.
- Операцијата траеше 35 минути при што е острането страно тело од глуждот. Решивме да го отстраниме проблемот сега, за да може навреме да јапочне следната сезона. Целта му е да игра на Отвореното првенство на Австралија и да биде во најдобра можна форма. Отстранивме мало парче што го спречува да се движи нормално, изјавил Руиз.