Други спортови
Рафаел Надал вчера призна дека не може да дише, сега откри и зошто
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал откри зошто тешко дише и зошто чувствува болка во градите.
Надал вчера објави дека не може да дише, и дека тоа му создава проблеми во играта. Тој рече дека е позагрижен од било кога, бидејќи знаел за што се работи за неговите досегашни повреди.
Во меѓувреме дознал дека му пукнало реброто, поради што имал проблеми со дишењето и затоа мора да паузира околу шест недели.
“По враќањето во Шпанија, ги посетив лекарите поради проблемите што ги почувствував во финалето на Индијан Велс. Тестовите покажаа дека моето ребро е скршено и затоа морам да паузирам четири до шест недели. Тешко е и јас сум тажен сум затоа што играв одлично во почетокот на сезоната“, изјави Надал.
Рафа истакнува дека сака што поскоро да се врати на терените.
„Дојдовме до многу важен дел од годината, но секогаш сум имал победнички дух. Ќе работам и ќе се обидам што побрзо да бидам подготвен“, додаде Шпанецот.
За жал за него и неговите фанови, тој ќе пропушти некои воведни турнири во неговиот омилен дел од сезоната. Нема да ги игра Мастерсот во Монте Карло и АТП турнирот во Барселона, а прашање е во каква состојба ќе ги пречека Ролан Гарос и Мастерсот во Рим и Мадрид каде традиционално игра добро и освојува трофеи.