Фудбал
Рафиња денеска патува за Шпанија, јасно е кога ќе биде претставен
Рафиња денеска ќе долета за Шпанија за да го финализира трансферот од соништата во Барселона . Синоќа стана јасно дека Лидс ја прифатил понудата на Каталонците за Бразилецот, кој направи се за да се пресели на Камп Ноу и покрај тоа што беше силно посакуван од Челзи . Шпанскиот клуб за Рафиња ќе плати 58 милиони евра плус бонуси, со кои сумата може да се искачи на 67 милиони. Договорот на крилниот напаѓач ќе биде до јуни 2027 година.
Според „Спорт“, Барселона денеска ќе го објави трансферот на Рафиња, а во петок тој официјално ќе биде претставен на Камп Ноу.
Откако го финализираа неговиот трансфер, Каталонците сега ќе се обидат да го доведат Роберт Левандовски до успешна завршница . Од „Камп Ноу“ веруваат дека можат да го затворат овој договор до крајот на неделата. Сето ова на Чави Ернандез ќе му даде многу повеќе офанзивни можности, особено што клубот во секој момент треба официјално да го објави новиот договор на Усман Дембеле.