Фудбал
Раиола и Михитаријан со преголеми барања за Арсенал, Ерменецот веќе добива повеќе плата од играчи како Санчез и Озил, но сака повеќе
Алексис Санчез ќе се пресели на Олд Трафорд ако Хенрик Михитаријан се согласи да му се придружи на Арсенал.
Раиола неодамна го коментираше договорот околу Санчез и Михитаријан;
“Манчестер Јунајтед нема да го потпише Санчез ако Михи не се согласи да му се приклучи на Арсенал”. Раиола изјави за THE TIMES.
Сега се појави информација дека Михитаријан има две огромни барања ако Арсенал го сакаат неговиот потпис во овој преоден рок.
Контраверзниот Мино Раиола изјави дека 28-годишниот сака зголемување на досегашната плата од 150.000 фунти, и покрај неговата лоша форма за Црвените Ѓаволи.
Згора на тоа, агентот сака “повеќе од 5 милиони фунти” за тоа што ќе го склучи договорот, објавува The Sun.