Connect with us

Фудбал

Раиола негираше дека Ибрахимовиќ се согласил на договор со Милан

Милано, 27 август 2020 (МИА) – Агентот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Рајола, ги негираше информациите дека фудбалерот се согласил на нов договор со Милан.

– Златан Ибрахимовиќ не потпиша нов договор со Милан, објави Рајола на Твитер.

Вчера беше објавено дека Швеѓанецот се договорил со италијанскиот клуб за договор, со кој би заработил седум милиони евра, вклучително и бонуси.

Во сезоната 2019/20, напаѓачот одигра 18 натпревари за клубот во Серија А, постигна 10 голови и направи пет асистенции. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com