Connect with us

Фудбал

Раиола повторно во акција: Јуве и Милан договараат нов трансфер?!

Веќе извесно време се шират гласини дека Макс Алегри има голема желба да го доведе Бонавентура од Милан во редовите на „Старата дама“.

Во последните неколку дена ваквите шпекулации стана погласно, а според италијанскиот Раи Спорт сега менаџер на Бонавентура, Мино Раиола стапи во акција.

Наводно, Раиола се сретна со спортски директор на Јувентус Патрицио, па тие двајца во Монте Карло договориле потенцијален трансфер од Милан.

Италијанските медиуми претпоставуваат дека Бонавентура се согласил за трансфер, но дека Јувентус ќе мора да плати Милан од 25 до 30 милиони евра за истиот да се реализира.

За Милановиот „универзалец“, заинтересирани се и Борусија Дортмунд и Арсенал, но Јувентус е опција до која е најблиску Бонавентура.