Connect with us

Фудбал

Раиола тврди дека Погба сака да остане во Манчестер Јунајтед

Иако во најголем дел минатиот рок, се појавија шпекулации дека Погба сака да го напушти Манчестер Јунајтед и да замине во Реал, се чини дека тоа не е вистина.

Според англиските медиуми, кои денес објавија дека Погба му кажал на неговиот менаџер Мино Раиоли дека сака да остане во овој клуб.

Погба наводно нема ништо против да остане во Јунајтед, тој дури сака да му помогне на клубот да се бори за трофеи.

Сепак, има едно нешто што тој го бара, а тоа е поддршката што тој тврди дека досега ја немал, од навивачите и соблекувалната.

Останува да се види дали Погба навистина ќе остане во Јунајтед, и дали конечно ќе ја врати својата стара форма.