Connect with us

Фудбал

Раиола утре во Манчестер – носи понуда од Барса за Погба

И покрај доаѓањето на Артуро Видал, Барселона се уште е во потрага по засилување на средниот ред, а најголема желба е Пол Погба.

Медиумите веќе подолго време шпекулираат за евентуален трансфер на Погба во Барселона. Наводно спортскиот директор Ерик Абидал имал неколку средби со Французинот и неговиот менаџер Мино Раиола.

Каталонските медиуми сега пишуваат дека инетерсот на Барселона е конкретен и дека клубот од „Камп Ноу“ веќе спремил понуда.

Имено, утре Раиола ќе слета во Манчестер на средба со раководството на „црвените ѓаволи“ и ќе им презентира понуда од 100 милиони фунти од Барселона за Погба.