Connect with us

Фудбал

Рајан Гигс го одбра идеалниот тим на Манчестер Јунајтед и го изостави Кристијано Роналдо

Рајан Гигс важи за најдобар крилен играч на светот повеќе од една деценија, a со Манчестер Јунајтед освои сè што може да освои.

Гигс ја помина целата своја сениорска кариера во Манчестер Јунајтед. Тој е член на „црвените ѓаволи“ скоро 25 години, па затоа има сменето многу од неговите соиграчи во соблекувалната на „Олд Трафорд“.

Прославениот фудбалски ас и сегашен тренер на Велс ги избра најдобрите 11 соиграчи од своето време на „Олд Трафорд“. Најголемото изненадување е тоа што го изостави Кристијано Роналдо.

Гигс го постави Питер Шмајхел на голот, додека во одбраната, од десно на лево би биле Гери Невил, Рио Фердинанд, Микаел Силвестре и Денис Ирвин.

Дефанзивниот играч од средниот ред би бил Рој Кин, а Ники Бут и Пол Сколс останатите двајца играчи од средниот ред. Во нападот би биле вклучени Дејвид Бекам, Вејн Руни и Оле Гунар Солскјаер.

Роналдо беше член на Манчестер Јунајтед од 2003-2009 година. Тој ја освои Лигата на шампионите, беше клупски шампион на светот, три Премиер лигата, ФА Куп, два карлинг-купови и три Комјунити Шилд, како и Златна топка, но сето тоа не беше доволно за Гигс да го стави во неговиот идеален тим.