Други спортови
Раката и пукна како да е од стакло, противничката врескаше кога виде што направила (ВИДЕО)
Ана Сомерс синоќа и ја скрши раката на противничката Ајрланд Галиндо на ММА настан во Мајами организиран од Combate Global.
Сомерс до првата победа во кариерата дојде на навистина ужасен начин. Таа му ја скрши раката на несреќната противничка и се изгледаше прилично морничаво.
Американката фати многу добра лост. Беше јасно дека борбата наскоро ќе биде завршена, а потоа во салата слушнаа пукање на рака и врескање од победничката кога виде во каква состојба е раката на несреќната Мексиканка.
Имаше тешка скршеница на раката, а Сомерс на крајот ја прегрна противничката за да ја утеши и интересно е што повеќе се потресе таа отколку противничката.
Anna Somers snaps Irlanda Galindo's arm#CombateGlobal pic.twitter.com/QtppH4EtrQ
— Neo Vale Tudo (@NeoValeTudo) April 9, 2022
Ана Сомерс ја забележа првата победа во професионалната кариера. Таа претходно имаше само еден натпревар во кој беше поразена од Челзи ЛаГрас.
Ирецот Галиндо, пак, во третиот меч го претрпе вториот пораз и сега е на сооднос една победа спрема два порази.