Ракитиќ ја налути Барса: Сакам да играм со Роналдо!

Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, уште еднаш испрати јасни сигнали за заминување од клубот. Тој даде интервју за „Блечер“, во кое се гледа дека би сакал да игра со Кристијано Роналдо.

„Секако дека би сакал да играм со еден од најдобрите играчи во историјата. Сакам да го гледам како игра и да видам што работи во Јувентус. За мене тој е еден од најдобрите во историјата“, рече Ракитиќ.

Освен за Роналдо, Ракитиќ зборуваше и за неговиот соиграч, Лионел Меси, за кој, исто така иаше пофални зборови.

„Тој е одличен, таков би бил и ако играше друг спорт. За мене тој е најдобриот од сите, на сите времиња. Најдобриот со кој што сум играл и најдобриот противникот што сум го имал“, рече Ракитиќ.