Фудбал
Ракитиќ ја напушта Барселона, но со насмевка на лицето
Фудбалерот на хрватската репрезентација, Иван Ракитиќ, речиси сигурно ќе ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона.
Каталонскиот клуб се обиде да го продаде Рактиќ минатото лето, но тој тогаш одби да го напушти клубот. Тој дури и гледаше неколку натпревари оваа сезона од трибините, но успеа да се врати во почетниот состав.
Сепак, Барселона не се откажува од одлуката да го продаде Ракитиќ и како што стојат работите, тоа сигурно ќе се случи во текот на летото. Хрватскиот играч од средниот ред е исто така свесен за тоа и се повеќе искажува незадоволство од тоа како челниците на клубот се однесуваат кон него.
Барселона се обидува да го вклучи Ракитиќ во размените за Лаутарo Мартинез или Миралем Пјаниќ, но тој не го сака тоа. Неговата позиција е јасна, а тоа е да остане во Шпанија заради семејството.
Мундо Депортиво пишува дека речиси сигурно значи дека Рактиќ ќе се врати во Севилја. Тој играше во овој клуб од јануари 2011 до летото 2014 година и секогаш вели дека тоа е негов втор дом затоа што таму ја запознал сопругата.
Наводно, Севиља веќе го започнала процесот на враќање на Ракитиќ, а се чини дека нема да има никакви проблеми во преговорите и дека повторно ќе го видиме Хрватот во клубот од Андалузија.